ВИДЕО: Тотален хаос во Венло – Луѓето ги напуштаат своите домови, пациентите евакуирани од болниците

Фото: EPA-EFE/SEM VAN DER WAL

Илјадници луѓе ги напуштиле своите куќи на југот на Холандија поради силните поплави со кои се соочуваат во изминативе денови, пренесува Ројтерс

Премиерот Марк Руте прогласи национална катастрофа во јужната покраина Лимбург, која се наоѓа во близина на поплавените територии на Германија и Белгија. 

Властите денеска започнаа со евакуацијата на поголемиот дел од куќите во Венло. 

Околу 200 пациенти биле евакуирани од болница која се соочувала со сериозен ризик од поплава во градот Венло.  

„Не сакаме да ги видиме медицинските сестри како со чамци одат до болница за таму да се грижат за пациентите. Тоа е хорор сценарио кои сакаме да го избегнеме“ изјави началникот на болницата. 

Во Холандија состојбата и понатаму е застрашувачка. Невремето ги поплави улиците и куќите на жителите, иако војската напорно работи на спречување на понатамошното влошување на состојбата, за да се надомести штетата ќе биде потребно многу време. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот