ВИДЕО: Торба со муниција го испразни центарот на Париз

Подрачјето околу Триумфалната капија и Ајфеловата кула во центарот на Париз се евакуирани во вторникот по дојавата за бомба и пронаоѓањето на торба со муниција, изјави за Ројтерс портпаролот на полицијата.

Тој изјави дека линиите на подземната железница на тоа подрачје исто така се евакуирани.

Паркот околу Ајфеловата кула кратко е евакуиран откако е пронајдена торба со муниција.

Пред тоа е евакуирано подрачјето околу Триумфалната капија поради закана од бомба.

Во Франција на сила е висок степен на готовност по убиството на професорот пред десетина дена.

Осумнаесетгодишен муслиман, бесен поради користење на карикатури од пророкот Мухамед на училиштен час, му ја отсече главата.

Оттогаш во Франција се забележани повеќе закани со бомбашки напади. Последната закана се случи претходната недела во Лион, а пред тоа кај Ајфеловата кула во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот