ВИДЕО | Тони Цетински за Тоше Проески: Се чудеа зошто снимам дует со него

Фото: Принтскрин / Facebook

Пејачот, Тони Цетински, се потсети на нашиот Тоше Проески, кој нè напушти пред 14 години.

Имено, Тоше го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа кај Нова Градишка и го зави регионот во црнина, а Цетински се присети на соработката и пријателството со иконата на поп музиката и откри нови детали.

– Сакам да им помагам на помладите и го немам тоа его и проблемот дека некој ќе ми стане закана. Тоа беше најактуелното прашање кога снимив дуетска песна со Тоше Проески. Се разбира, некои се прашуваа како и зошто. Зошто да не правам дует со некој што убаво пее.

Цетински додаде дека сака да соработува со помлади колеги, како и дека суетата отсекогаш му била туѓа.

– Тој начин на размислување е старомоден, од некои стари системи каде некои постари пејачи се скржави и внимаваат некои помлади да не ги покријат со своето пеење. На мојата духовна страна ѝ е туѓо тоа – заклучи пејачот.

Како што знаеме, овој дует вроди убаво пријателство помеѓу музичарите.

Фото:Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот