ВИДЕО | Том Холанд една година ќе паузира: Последната улога ме скрши

Фото: Instagram/ Tom Holland

Младиот актер Том Холанд, најпознат по улогата на стрип-јунакот Спајдермен, најави дека ќе прави едногодишна пауза од актерството, пренесува „Гардијан“.

Актерот, одлуката ја донел по снимањето на трилер серијата „The Crowded Room“ на „Епл Тв“, каде глуми лик инспириран од американскиот силувач Били Милиган, човек со дисоцијативно нарушување на идентитетот.

Во интервју за „Екстра Тв“, Холанд зборува дека уживал во работата како актер и продуцент на оваа серија, но комплексноста на улогата премногу го исцрпила.

„Позната ми е напорната работа. Живеев со идејата дека напорната работа е добра работа. Сепак, серијата ме скрши. Дојде момент кога ми требаше одмор и исчезнав, отидов во Мексико на една недела и имав време за плажа. Сега ќе земам една година одмор, а тоа е резултат колку тешко беше оваа серија. Возбуден сум да видам каков ќе биде резултатот. Чувствувам дека нашата напорна работа не беше залудна“, изјавил Холанд.

Инаку, актерот и претходно зборувал дека сака да го заштити своето ментално здравје од очите на јавноста. Тој веќе одреден период е трезен, а минатата година се повлече и од социјалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот