ВИДЕО | Тодоров: Компромис не е дали постои или не постои македонскиот јазик, компромис е како се претставуваат соседите во учебниците

проф. д-р Петар Тодоров
проф. д-р Петар Тодоров / Утрински брифинг

Погледнато од политички агол, ситуацијата со бугарското вето се претвора во еден политички кошмар. Сега веќе шансите што и да се направи околу францускиот предлог и симнувањето на ветото се никакви.

-Комисијата за историски прашања премногу се користеше во политички контекст од страна на некои политичарчиња за да се спасат себеси. Ако немате што да понудите, нема зад што да се криете. Комисијата е фрлена среде политички пресметки и дома и во Брисел па оттука не можете да очекувате некаква разрешшница, вели историчарот проф. д-р Петар Тодоров за Утрински брифинг.

Тој додава дека секогаш кога Комисијата ќе влезеше во политтички игри ттоа се одразуваше на нејзината продуктивност. За комисиите да дадат некакви резултати и да се надминат некои анахрони состојби комисиите треба да се остават да работат, а не да се наметнуваат неисториски, политички позиции.

-Ова што се зборува како за историја во ваков политички контекст тоа не е историја, тоа е политичка митологија со која политичарите кои немаат што да понудат ви го разубавуваат минатото. Одговорноста е на политичарите, но и на историчарите кои треба да одлучат дали ќе учествуваат во тоа, вели Тодоров.

Историјата во голема мерка е плод на интерпретација, а секоја нација има неколку фндаментални митови. Кога станува збор за компромиси, Комисиите може да расправаат за образованието т.е. како ќе се изучуваат одредени историски пораки.

-Компромис може да биде начинот на кој се претставуваат соседите, но компромис не може да биде дали постои или не постои македонскиот јазик. За тоа воопшто не се расправало. Затоа ние испративме соопштение до јавноста, кога зовре атмосферата, да информираме што навистина се случува во Комисијата, вели Тодоров.

Терминот „протокол“ што влезе во оптек околу францускиот предлог се однесува на „записник“. По секоја средба се прави записник. Тие записници што се споменуваат во францускиот предлог се однесуваат на работата на Меѓувладината комисија која постои и е основана врз Дооговорот за добрососедство.

-Ние како Комисија си имаме свои записници кои ја одразуваат нашата работа и ги доставуваме до Министерството за надворешни работи. Но, нашите заисните се практични, во нив стои за кое прашање се разговарало, кој како се изјаснил и дали има разрешница. За тие другите записници, оние на Меѓувладината комисија, не смеат да содржат историски прашања, вели Тодоров за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот