ВИДЕО: Тоа што го игра Ливерпул се вика фудбал, тоа што го прави Манчестер е срамота

Мохамед Салах (Ливерпул) блескаше на Олд Трафорд запишувајќи три голови/Манчестер, Велика Британија/24 октомври 2021/ Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Манчестер јунајтед претрпеа дебакл пред своите навивачи од Ливерпул со резултат 0:5 во деветтото коло од Премиер лигата.

Еден од најзаслужните за триумфот на „црвените“ од Енфилд беше египетскиот интернационалец Салах кој запиша хет-трик.

По еден гол за гостинскиот тим во листата на стрелците се запишаа Жота и Кеита за вкупно шеста победа сезонава на Ливерпул кој останува единствениот без пораз.

Во 60 минута Погба поради груб прекршок доби црвен картон, по што се зголемија проблемите за „црвените ѓаволи“.

После овој пораз уште повеќе ќе се зголеми притисокот и врз менаџерот Оле Гунар Солскјер кој би можел да добие отказ после овој срам.

При негатива од 0:3, Кристијано Роналдо ги загуби нервите во дуелот со младиот Џонс кој излезе како подобар, но Португалецот почна неспортски да го шутира ривалот, по што бурно реагираа гостинските фудбалери.

На табелата Челси е на првото место со 22 бодови, еден повеќе од екипата на Клоп, а Јунајтед е на седмата позиција со 14 бодови.

ВИДЕО: Антонио му „пресуди“ на Тотенхем, Лестер славеше во Лондон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот