ВИДЕО: Титулата ѝ се насмевнува на Барса, каталонскиот гигант го преслуша и Елче во „Ла Лига“

фото: EPA-EFE/Manuel Lorenzo

Барселона убедливо славеше на гостувањето кај Елче со резултат 0:4 во 27 коло од најквалитетното шпанско фудбалско првенство.

По првото полувреме каталонскиот гигант водеше со голот на Левандовски во 20 минута.

Позитивата ја зголеми Фати во 56 минута, потоа Левандовски го запиша и вториот погодок на мечот во 66 минута, а конечниот епилог го постави Торес (70`).

Во другите мечеви: Жирона – Еспањол 2:1, Атлетик Билбао – Хетафе 0:0, Кадиз – Севиља 0:2.

На табелата води Барса со 71 бод, 15 повеќе од второпласираниот Реал Мадрид, додека Елче останува на последната 20 позиција со 13 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот