ВИДЕО | Тито знаел што треба да купи: Вака изгледа луксузната вила во Њујорк продадена за 50 милиони долари

тито и јованка
Фото: Профимедиа

Велелепната вила во Њујорк, попозната како замокот на Јосип Броз Тито, е продадена за 50 милиони долари.

Компанијата за недвижности „Даглас Елиман“ објави дека нивниот агент Тристан Харпер ја продал оваа историска вила од 20.000 квадратни метри која се наоѓа на Петтата авенија 854 на Менхетен.


Купувачот, бизнисмен од Лондон, ги платил сите трансакциски трошоци во готово.

Мермерната вила, која во 1903 година ја дизајнирале архитектите Ворен и Ветмор, е прогласена за индивидуално обележје на Њујорк во 1969 година, поради „импресивната чистота на стилот изведен со таква убавина и авторитет“.

Резиденцијата има 32 големи соби и 12 бањи распоредени на девет нивоа спроти Централ парк.

Погледите од 10 соби свртени кон паркот вклучуваат некои од најпознатите згради. Во времето на Студената војна, на врвот на зградата наводно имало соба која никој не можел да ја прислушува, а имало и непробивни прозорци свртени кон Петтата авенија.

Повеќето од оригиналните детали на куќата останале недопрени до ден-денес, вклучително и две восхитувачки француски таписерии од 18 век кои се наоѓаат над големите скалила, 17 камини, рачно насликани тавани кои потсетуваат на стара Европа, два лифта, винарска визба…

Македонија ќе добие 4 милиони долари од продажба на имот во Њујорк: Продадена вилата во која Тито имал соба што не може да биде прислушувана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот