ВИДЕО: Тито во Лондон, зборува англиски пред Черчил на првото патување по конфликтот со Сталин

Фото: Youtube / British Pathѐ / printscreen

Познатата британска компанија за вести и филмски журнали, актуелна во 20-от век, „British Pathѐ“ со години објавува снимки од својата богата архива, а меѓу нив е и интересно видео за посетата на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито на Велика Британија во 1953 година.

На снимките, кои ги придружуваат информации за посетата, се гледа како Тито пристигнува во Британија со бродот „Галеб“, а го пречекуваат премиерот Винстон Черчил, министерот за надворешни работи Ентони Идн, како и сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип.

Тито на домаќините им се обратил на англиски јазик, а на снимката може да се види дел од неговиот говор, што е ретка можност да се чуе маршалот како зборува англиски.

Нараторот во видеото кажува дека ова е првото излегување на Тито од Југославија по историското разидување со советскиот лидер Јосиф Сталин во 1948 година, како и дека во Лондон имало демонстрации на противници на посетата на Тито. Британските тајни служби биле ставени во висока готовност поради најавите за можен обид за атентат врз Тито во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот