ВИДЕО: Тинејџерот Поповичи го собори 13 години стариот светски рекорд на 100 метри слободно

Давид Поповичи до златниот медал на ЕП дојде со време на нов светски рекорд/фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Романскиот пливач, 17-годишниот Давид Поповичи го собори светскиот рекорд на 100 метри слободно на Европското првенство што се одржува во Рим, Италија.

Поповичи делницата од 100 метри во финалната трка ја исплива во време од 46,86 секунди, што е нов светски рекорд. Романецот стана најмладиот пливач што соборил светски рекорд. Тој го собори светскиот рекорд што 13 години беше во сопственост на Бразилецот Сезар Сиело.


Интересно е што и Поповичи и Сиело, рекордот го поставија на исто место, на олимпискиот комплекс Форо Италико. Романецот тоа го стори на ЕП, а Бразилецот за време на Светско првенство.

Поповичи првите 50 метри од финалната трка ги исплива за 22.74 секунди, а додека вторите за 24.12 секунди што беше доволно за златниот медал и соборување на светскиот рекорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот