ВИДЕО: Тинејџер го пријавил сопствениот татко за упад во Конгресот, луѓе му донирале 140.000 долари

Тинејџер од Тексас, Џексон Рефит го пријавил својот татко во ФБИ заради учество во нападот на зградата на Конгресот.

Неговиот татко, Гај Рефит потоа бил уапсен заради учество во нередите, а според изјавите на ФБИ, 48-годишниот маж е поврзан со екстремистички воени груши. За време на приведувањето полицијата во неговиот стан пронашла две парчиња оружје.

ФБИ го пронајде благодарејќи на снимките на нередите кои ги објави Фокс Њуз.

Истражителите потоа го контактирале 18-годишниот Џексон кој им помогнал да ги докажат нивните сомнежи, пишува Тајмс.

„Предавниците добиваат куршум“

Од ФБИ изјавиле дека уапсениот Гај Рефит по враќањето од Вашингтон наводно им се заканил на децата: „Ако ме пријавите, вие сте предавници, а знаете што им се случува на предавниците… Предавниците добиваат куршум“.

Во меѓувреме тој е обвинет за незаконско влегување во зградата на Конгресот, спречување на правдата и закана на членовите на фамилијата.

„Своите емоции ги ставив на страна и го направив тоа што сметам дека е правилно“, рекол Џексон Рефит за Тајмс. Тој додал дека не жали за својата одлука и дека не е сигурен дали неговиот татко знае што се случило.

Тинејџерот веќе не е во семејниот дом и од страв за сопствената безбедност се наоѓа на тајна локација. Тој тврди дека само сакал да се знае дека неговиот татко се заканувал дека ќе направи „нешто големо“.

„Не знаев што планира да направи па направив се што е можно да се заштитам себеси и другите“, рекол Џексон.

Му донирале 140.000 долари

Откако Си-Ен-Ен го објави интервјуто со него, Џексон привлекол големо внимание на Твитер кое резултирало со кампања за донации.

„Секоја пара ќе ја потрошам на факултет или ќе ја заштедам за следните години. Можеби ќе бидам исфрлен од семејниот дом заради вмешаност во случајот против мојот татко, секој цент ќе ми помогне да преживеам“, напишал на платформата.

За само четири дена од донациите тој собрал речиси 140.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот