ВИДЕО: Тим стартуваше со слатка одмазда на Завршниот Мастерс!

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Доминик Тим со победа го започна Завршниот мастерс во Лондон. Австриецот во првото коло од групата „Лондон 2020“ му се реваншираше на Гркот Стефанос Циципас за поразот во финалето минатата година.

Третиот тенисер на светот после голема борба и повеќе од два часаигра, славеше со резултат 2:1 во сетови 7:6 (5), 4:6 и 6:3.

Тим не дојде во најдобра форма на завршниот турнир. Откако во септември го освои „УС Опен“, својот прв грен слем трофеј, не се прослави во понатамошниот дел од сезоната.

На „Ролан Гарос“ беше елиминиран во четвртфиналето, а во истата фаза го заврши и настапот на турнирот во Виена.

Во истата група вечерва од 21.00 часот силите ќе ги одмерат Рафаел Надал (Шпанија) и Андреј Рубљов (Русија).

ВИДЕО: Крунисан во Лондон, Ѓоковиќ најдобар тенисер на светот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот