ВИДЕО | „Ти си еретик“: Уапсен грчки свештеник кој го навреди папата

Папата Франциск во Атина
Папата Франциск во Атина / Фото: EPA-EFE/YORGOS KARAHALIS

Папата Франциск денеска во Атина се сретна со архиепископот на Грција, Јероним. Но, во моментот кога Папата влезе во резиденцијата на поглаварот на Грчката православна црква, надвор се одржа протест на еден православен свештеник, јавува АП.

„Папо, ти си еретик! свештеникот извикал три пати додека Франциск доаѓал во резиденцијата.

Полицијата го привела свештеникот откако тој паднал на земја, а поглаварот на Римокатоличката црква не го ни забележал демонстрантот додека влегувал во резиденцијата на средба со грчкиот надбискуп.

Инцидентот уследи по малите протести на Кипар, каде папата претходно беше во посета, а чии жители Грци се исто така претежно православни, каде што папата повика на помирување меѓу православните и католичките христијани.

Прва посета од 2001-ва година

Денешната официјална посета на Грција е прва посета на папа од 2001 година, кога во Атина престојуваше папата Јован Павле Втори, кој тогаш се извини за гревовите што католиците ги направиле или пропуштиле за православните браќа низ вековите.

Двајцата црковни поглавари ги повикаа христијаните да работат заедно за заштита на животната средина и грижа за мигрантите, а Јероним изјави дека целосно ги споделува ставовите на Папата за создавање силни врски за да се одговори на овие глобални предизвици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот