ВИДЕО: Тевез постигна гол и на специјален начин му го посвети на Марадона!

Фото: Твитер

Бока јуниорс го совлада Интернасионал со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на „Копа Либертадорес“, а стрелец на единствениот гол беше Карлос Тевез.

Искусниот напаѓач ја живее својата втора младост во Аргентина и е еден од најдобрите фудбалери на аргентинскиот великан. Сега, во 63. минута од дуелот со Бразилците, го реализираше победничкиот погодок.

Успеа да постигне гол по асистенцијата на Салвија, а потоа истиот го прослави на феноменален начин. Тој истрча до корнер знаменцето и го соблече дресот, а под него беше „десетката“ на славниот Диего Армандо Марадона!

Тевез го носеше дресот на Бока од 1981 година кога Марадона првпат пристигна во неговиот омилен клуб. Во сезоната 1981/82, тој постигна 28 гола на 40 натпревари, а тоа беше само почеток на неговата кариера во Бока.

Се враќаше уште еднаш, да ја заврши кариерата во саканиот клуб, исто како што тоа го прави сега Тевез. По скоро 40 години, навивачите на Бока можеа да го видат дресот во кој го сакаа Марадона.

Неодамна видовме сличен гест на Лионел Меси, кој покажа дрес на Марадона по голот за Барселона.

ВИДЕО: Неверојатно, Меси постигна скоро ист гол како Марадона!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот