ВИДЕО: „Тесла“ го претстави својот прв камион на батерии

Тесла камион / Фото ZUMAPRESS.com / MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Компанијата „Тесла“, која се занимава со производство на електрични возила, вчера го претстави својот прв камион на батерии „Семи“ (камион со полуприколка), приближно три години подоцна од првично најавеното.

Илон Маск првпат го претстави прототипот на „Семи“ во 2017 година и рече дека ќе се појави на пазарот во 2019 година. Но, тогаш соопштија дека ќе има одложување поради проблеми со батеријата. Маск рече дека „Семи“ може да помине околу 800 километри ако влече товар од 37.000 килограми. Неговата граница на тежина овозможува транспорт на над 14.969 килограми товар.

Тој додаде дека овој камион има три пати поголема моќност од оној на дизел.

Сѐ уште не е познато колку ќе чини камионот. Вообичаено, електричните камиони чинат околу 70% повеќе од оние на дизел. Сепак, тие се многу поекономични на долг рок, кога се гледаат заштедата на гориво и трошоците за одржување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот