ВИДЕО | Терзиќ во солзи по загубената титула: Тешко ми е, некои работи не се фер

Фото: EPA-EFE/MAREEN MEYER

Уште долго во редовите на Борусија Дортмунд ќе владее разочарувањето по вчерашните натпревари и исходот на трката за титулата која ја загубија во последното коло.

На Борусија и беше потребна против Мајнц за да ја освои титулата во Бундеслигата по 11 години, но тимот на Един Терзиќ одигра само 2:2 и Баерн со победата против Келн повторно го освои првенството.

По натпреварот тренерот Терзиќ во солзи застана пред навивачите и им се извини за разочарувањето, а во солзи даде и изјава за новинарите.

„Некои работи едноставно не се фер. Навистина ја сакавме титулата, целиот стадион, целиот град сонуваше за трофејот. Работевме напорно за да стигнеме до ваква шанса, имаве голем прилика, но не ја искористивме. Тешко ми е кога ќе ја погледнам празнината во моите играчи, навистина не е фер“, изјави Терзиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот