ВИДЕО | Тереза Кесовија им испеа шансона на Французите, претседателот Макрон воодушевен од неа

Тереза Кесовија
Тереза Кесовија/Instagram

Тереза Кесовија, хрватската дива откри дека им пеела на Емануел Макрон и Французите на свечениот ручек во загрепска Еспланада.

На барање на новинарите, Тереза ​​ја испеала француската шансона La Chanson de Lara, која Макрон можел да ја слушне на ручекот на кој присуствувале околу стотина познати Хрвати.

 

За посетата таа изјави:
„Прво на француски му посакав добредојде, а потоа му кажав дека му посакувам уште еден мандат, затоа што мислам дека тоа ќе донесе добро за нашите земји“

Таа беше и остана легенда која има добиено француското одликување и почесна награда во редот на уметноста.

Кесовија живеела во Франција во 60-тите и 70-тите години на минатиот век и таму изградила завидна кариера. Француската кариера на Тереза ​​Кесовија започнала во 1965 година, кога ја отпеала La Chanson de Lara од филмот Доктор Живаго. Додека живеела и работела во Франција, Тереза ​​соработувала со познати ѕвезди како Серж Лама, Тино Роси, Жилбер Беко и Рита Павоне.

Пејачката ​​четири пати ја наполнила париската Олимпија. Таа се сретнала со неколку француски претседатели додека живеела во Франција, а ова е нејзина прва средба со Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот