ВИДЕО: Тепачка во турскиот Парламент, пратеник заврши во болница

Фото: Принт скрин

Пратеник од опозицијата е хоспитализиран во Турција откако се случи масовна тепачка во Парламентот за време на тензичната дебата за државниот буџет за следната година, јавија локалните медиуми.

Телевизиите објавија снимки од десетици пратеници од Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган и опозициските политички сили како се тепаат меѓу себе. Некои од нив разменуваат тупаници, додека други се обидуваат да ги смират колегите.

Според турски медиуми, Хусеин Јорс, пратеник од опозициската „Добра партија” бил удрен во лицето. Помош му укажал негов колега, по професија доктор, по што со возило на брза помош бил пренесен во болница.

Јорс страда од проблеми со срцето и превентивно е сместен на интензивна нега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот