ВИДЕО: Тензично во Загреб, се судрија навивачите на Динамо и Легија

Фото: EPA/TYTUS ZMIJEWSKI

В среда од 20.00 часот на стадионот „Максимир“ во Загреб ќе се одигра првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите помеѓу Динамо (Хрватска) на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски и Легија Варшаша (Полска).

Вечерва како што информираат хрватските медиуми навивачката група на Динамо, „Бед Блу Бојс“ и навивачите на полската Легија се судрија во загрепскиот Боронгај.

Полициската управа во Загреб потврди дека имале интервенции на споменатата локација.

– 200 навивачи се судрија на подрачјето на улицата Данковечка, а полицајците кои беа на местото на настанот од почетокот спречија можен поголем конфликт. Покрај редовните полициски сили, на местото на настанот имаше и припадници на интервентната полиција. Според првите информации, засега нема повредени во конфликтот – соопшти полицијата.

Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат бројни групи навивачи кои шетаат по улиците на Загреб и носат палки и факели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот