ВИДЕО: Тенисерите во задолжителен карантин пред „Австралија опен“!

epa08187792 Novak Djokovic of Serbia poses for photos with the Norman Brookes Challenge Cup after winning his men's singles final match against Dominic Thiem of Austria at the Australian Open Grand Slam tennis tournament in Melbourne, Australia, 02 February 2020. EPA-EFE/LYNN BO BO

Владата на државата Викторија потврди дека сите тенисери кои ќе играат на „Австралија опен“ ќе бидат 14 дена во карантин во Мелбурн, пред почетокот на првиот грен слем во новата сезона. Владата соопшти дека здравствените власти ги одобриле плановите за карантин.

Турнирот „Австралија опен“ ќе се одржи од 8 до 21 февруари, а за првпат во повеќе од 100 години историја, ќе се игра во вториот месец од годината.

Титулата ја брани најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, рекордер со осум трофеи, а на социјалните мрежи на „АО“ се објавени неговите пет најдобри потези во Мелбурн.

Учесниците се очекува да пристигнат во Мелбурн кон средината на јануари, каде потоа ќе поминат две недели во задолжителен карантин поради коронавирусот. Тие ќе можат да тренираат максимум пет часа дневно во „Мелбурн“ паркот.

Исто така, се наведува дека играчите и нивните тимови ќе бидат тестирани пред да заминат за Австралија, а потоа најмалку петпати за време на карантинот. Во случај некој да биде позитивен, ќе се преземаат стандардни процедури за карантин додека не добие одобрение од здравствените власти.

Државата Викторија помина низ сериозен втор бран на коронавирус во последната половина на оваа година, што резултираше со над 800 смртни случаи. Викторија не пријавила нови случаи на коронавирус во последните шест недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот