ВИДЕО: Телефонски повик и солзи на Ди Марија поради грабеж!

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Анхел Ди Марија, фудбалерот на ПСЖ доживеа вистинска драма во неделата. Во моментот кога тој играше за „светците“ против Нант, крадци упаднаа во неговата куќа во Париз, каде што беше неговото семејство.

За среќа, неговата сопруга и децата воопшто не ги слушнале разбојниците кои зеле сеф со пари и други скапоцености.

Штом сè беше откриено, за време на мечот, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, го повика тренерот Маурисио Покетино да го замени Аргентинецот од игра во 62 минута.

Медиумите наведуваат дека Ди Марија плачел кога дознал за ужасните настани и веднаш истрчал дома. Ова не е првпат да им се случуваат вакви немили настани на играчите на ПСЖ, слично нешто доживеаја и Серхио Рико, Тиаго Силва и Максим Чупо-Мотинг.

ПСЖ го загуби натпреварот во рамките од француската „Лига 1“ против Нант со резултат 1:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот