ВИДЕО | „Течно дрво“ во Белград кое го прочистува загадениот воздух

Фото: Unsplash

Со цел што повеќе да се прочисти воздухот, во Белград е поставено првото течно дрво, кое содржи шестотини литри вода и користи микроалги за врзување на јаглерод диоксид и производство на чист кислород со фотосинтеза.

Се работи за иновативен апарат чија цел е борба против загадениот воздух. Тоа е првиот урбан фото-биореактор во Србија, во кого тамошните власти гледаат решение за борба против емисиите на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на воздухот. Содржи шестотини литри вода и користи микроалги за врзување на јаглерод диоксид и производство на чист кислород со фотосинтеза.

„Микроалгите заменуваат две десетгодишни стебла или 200 квадратни метри тревник. Предноста на овој апарат е што може да се инсталира за еден ден и не треба да чекате стотици години за да порасне“, изјави за медиумите Иван Спасојевиќ, еден од авторите на проектот од Институтот за мултидисциплинарни истражувања на Универзитетот во Белград. „Системот е ист бидејќи и дрвјата и тревата вршат фотосинтеза и го врзуваат јаглерод диоксидот“, додава тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pubity (@pubity)

Како што откри д-р Спасојевиќ, предноста на микроалгите е што тие се 10 до 50 пати поефикасни од дрвјата.

„Нашата цел не е да ги замениме шумите, туку со овој систем да ги пополниме тие урбани џебови каде што нема простор за садење дрвја“, тврди тој.

Белград е четвртиот најзагаден град во Србија, поради двете големи електрани на јаглен во близина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот