ВИДЕО | Тасевски: Тешко е да се игра без публика, но се адаптираме

Пандемијата како што прави проблем во целокупниот општествен живот така прави и во спортот. Тешко е да се игра без публика, но со оглед на малата посетеност на стадионите ова и не е нешто ново. Но се адаптираме и на ваков начин на игра и се надеваме дека во пролет ситуацијата ќе се смени на подобро имајќи предвид дека ФК Македонија Ѓорче Петров има и не така лоша посетеност, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна Тв“, тренерот на ФК Македонија Ѓорче Петров, Жикица Тасевски.

-ФК Македонија Ѓорче Петров е клуб со традиција, кој освојувал шампионски и клуб титули. Амбиции секогаш има. Но да бидам реален дека во однос на ФК Шкендија и ФК Шкупи имаме поскромен буџет, поскромни финансиски услови. Мислам дека клучот за досегашниот успех е што почнавме без особен притисок и од натпревар во натпревар играме подобро. Би ја истакнал и атмосферата во клубот, која е одлична. Секако ред, работа и дисциплина е неминовна алатка за успех, вели Тасевски.

Целиот разговор со Жикица Тасевски проследете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот