ВИДЕО | Тасевска: Ги охрабрувам жените да се борат за своите права

Поразително е што и по сто и десет години од првиот марш предводен од Клара Цеткин во 1910 година сѐ уште се зборува за правата на жените. Во 21 век сѐ уште зборуваме за родово базирано насилство, социјална и економска нееднаквост. Ги охрабрувам жените да се борат за своите права, ги охрабрувам сите свои способности и капацитети да ги развиваат и да достигнат ниво на реализација и лична сатисфакција во таа насока, вели за Утрински брифинг пратеничката Лидија Тасевска по повод денешниот меѓународниот празник на жената.

– Горда сум што припаѓам на социјалдемократското семејство со високо сензитивно раководство, кое што ги препозна капацитетите на жената и во претходниот период покажа дека верува во жената и токму затоа имаме голем исчекор на овој план, вели Лидија Тасевска, пратеничка од редовите на СДСМ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот