ВИДЕО | Танцот на Џастин Тимберлејк стана вирален хит: По реакциите се огласи и пејачот

Џастин Тимберлејк
Џастин Тимберлејк / Фото: Принтскрин/Твитер

Џастин Тимберлејк минатата недела настапи на фестивалот „Something in the Water“ во Вашингтон, САД како гостин на сетот на Фарел Вилијамс. Тимберлејк на настапот изведе смешен и прилично „необичен“ танц кој стана вирален хит на социјалните мрежи.

Непредвидливото танцување на Тимберлејк и мавтањето со нозете и рацете прилично ги насмеа луѓето на социјалните мрежи. Еден корисник се потрудил и го монтирал непријатниот звук што патиките понекогаш го произведуваат во контакт со подот на подиумот.

Еден корисник го спореди со танц од филмот „She`s All That“.

А Тимберлејк исто така беше споредуван со „пијан татко на скара“.

И самиот пејач не остана имун на лавината коментари, па се огласи и се извини за „контроверзниот“ танц.

„Би сакал да ви се извинам поради две причини“, го започна своето обраќање пејачот, а потоа покажа на своите нозе. „Имав долг разговор со секоја од нив, еден на еден. Им реков: „Никогаш повеќе да не ми го направите ова“, по што тој им вети на фановите дека ќе се искупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот