ВИДЕО | Тана Де Зулуета: Жалам што многу мал број жени се кандидираа за градоначалнички

Убаво беше да се посведочи на кампања во која кандидатите за градоначалници имаа можност слободно да се претстават, рече денеска во „Утрински брифинг“ шефицата на мисијата ОДИХР, Тана Де Зулуета.

– Ние не ги споредуваме изборите, наша обврска е само да го набљудуваме изборниот процес и евентуалните нерегуларности. Дури и не бевме присутни на минатогодишните избори поради пандемијата од ковид-19. Но, ако сте гласале пред два дена и сте имале можност да гласате пред десетина години, сигурно сте забележале дека оваа година имаше подемократската и мирна атмосфера за разлика од минатото. Јас сум сигурна дека на тоа ќе се согласи и Европската Унија, но непосредно пред изборите се случија некои промени кои негативно влијаеа на изборите. Имаше промени кои се случија, а беа по препорака на ОДИХР . Граѓаните чекаат да се случат промени кои ќе бидат прифатени преку една широка и јавна дебата, рече Зулуета.

Таа додаде дека најголем проблем на овие избори се покажало дека е новата опрема за идентификација.

– На самите избори забележавме дека новите машини кои се употребуваат за идентификација на гласачите преку отпечатоци од прсти навистина создадоа одредени проблеми за комисиите кои што беа присутни на денот на изборите. Проблеми создаваше и пребројувањето на гласовите, Но, ние во земјава сме присутни уште од седми септември, откако почна кампањата, така што забележавме дека кандидатите кои доаѓаат од партиите на власт имаат повеќе предност во однос на останатите кандидати, а исто така забележавме и минимално присуство на жените во кампањата, нагласува Де Зулуета.

Според шефицата на набљудувачката мисија на ОДИХР, изборниот процес поминал глатко само затоа што многу жени биле вклучени во истиот. Сепак, жали што има многу малку директни учеснички жени, на изборите.

– Застапеноста на жените во кампањата ја следевме многу внимателно. Забележавме дека во самата кампања има многу мал број жени кои се кандидираа за градоначалнички места, односно од 312 кандидати, само 25 беа жени. Исто така забележавме многу силна реторика и на социјалните медиуми, којашто беше насочена токму кон жените. За тоа имаме голема критика. Мора да кажеме дека тоа што изборите поминаа без проблеми е благодарение на многу жени кои беа вклучени во процесот. Сепак, верувам дека граѓаните би сакале да видат повеќе жени на политичките места, како директни учесници а не само како потпомагачи на изборниот процес, додаде шефицата на ОДИХР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот