ВИДЕО: Талибанците тепаат жени низ улиците во Кабул

Протест на авганистански жени за права. / Фото: ЕПА Протест на авганистански жени за права. / Фото: ЕПА

Талибанците тврдат дека се промениле и ветуваат дека жените ќе имаат права во Авганистан, но сепак постојат сѐ повеќе докази за нивниот суров однос кон жените, пренесува Гардијан.

Кога дојдоа талибанците да ја преземат власта, бројни граѓани итно побрзаа да ја напуштат земјата, а стравични сцени на луѓе кои паѓаат од пренатрупани авиони го обиколија светот.

За талибанците се зборува дека се сурови кон жените, што беше потврдено со сведочењето на една жена која раскажа дека жените биле „третирани полошо од животните“.

На социјалните мрежи се појави видео снимка од талибанците во Кабул кои безмилосно ги удираат жените додека шетаат по улица.

Во Кабул, жените протестираат со денови, барајќи ги нивните права за работа, образование, слободно шетање по улиците без машки придружник итн.

Меѓутоа, во обид да ги задушат протестите, талибанците не се двоумат да употребат сила во форма на солзавец, пукање во воздух, но и удари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот