ВИДЕО: Талибанците пукале во луѓето со авганистански знамиња, има и мртви

Протести во Авганистан поради талибанците/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Неколку лица денеска загинаа во градот Асадабад откако талибанците почнаа да пукаат по луѓето кои вееле авганистански знамиња за време на прославата на Денот на независноста на земјата, пренесува Гардијан.

Не е познато дали луѓето загинале од истрелите или од големата гужва. Потпаролот на талибанците се уште нема коментирано за инцидентот.

Во Авганистан се уште траат протестите против преземањето на талибанците и засега има неколку жртви во градовите.

Очевидец од Асадабад вели дека на улиците имало стотици луѓе.

„Најпрвин ми беше страв и не сакав да одам, но кога го видов мојот сосед, решив да му се придружам и го зедов знамето кое го имам дома. Неколку луѓе беа убиени, а некои беа повредени во големите гужви.“ вели очевидецот Мухамед Салим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот