ВИДЕО | Талески: Задоволен од мојата игра, тука нема да застанам!

„Црвено-црните“ без проблеми со 40:26 го совладаа Радовиш/СЦ „Јане Сандански, Скопје/фото: РК Вардар / Denis Dukovski

Вардар 1961 дојде и до втората победа во СЕХА Газпром лигата откако вечерва на домашен терен минимално славеше против хрватскиот клуб Нексе.

Еден од најзаслужните за новите бодови во регионалното натпреварување имаше македонскиот репрезентативец Филип Талески кој шестпати се запиша во листата на стрелците.

– Среќни сме што ја забележавме и втората победа во регионалната СЕХА лига. Малку потешко ни беше на овој натпревар против Нексе, доволно се познаваме помеѓу нас, но на почетокот добро отворивме, и добро одеше резултатот скоро цел меч.

Но, во последните 15 минути дојде да биде егал, да се одлучува гол за гол, каде што мислам дека не смееме да дозволиме такви падови во играта и од тоа треба да научиме. Околу мојата игра можам да кажам дека сум задоволен денеска и конечно мислам дека го дадов тоа што треба да го дадам постојано. За кревање на самодовербата ова добро ми дојде и мислам дека нема да застанам, ќе одам напред – изјави левиот бек на Вардар 1961, Талески.

Свој коментар имаше и плејмејкерот на „црвено-црните“, Анте Гаџа:

– Очекувавме тежок натпревар, цело време водевме, со четири, три, четири, пет голови разлика, но никако не успеавме да се одвоиме. На моменти промашувавме неколку зицери и потоа на крајот се појави некоја нервоза и нè стигнаа, беше сè потешко да се игра и еве на крајот за наша среќа победивме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот