Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Свршеницата на Безос однесе необична направа во вселената, откри за што служи

Свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез однесе мала направа која била ставена под нејзиното седиште за време на денешниот десетминутен лет до работ на вселената.

Овој апарат, развиен за американската непрофитна организација „Наставниците во вселената“ (Teachers in Space), е дизајниран да собира податоци за глетките и звуците на летот, за да можат учениците од прва рака да искусат како е да се патува со вселенското летало Њу Шепард.

Санчез сподели неколку детали за апаратот на социјалните мрежи пред летот.

„Сензорите во овој експеримент ќе мерат и снимаат податоци за забрзување, звук, температура, притисок и многу повеќе. Ова е нивниот начин да ја доближат науката до искуството на вселената“, напишала таа во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)


За потсетување, новинарката Гејл Кинг, пејачката Кети Пери, свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез, филмската продуцентка Каријан Флин, поранешниот научник за ракети на НАСА, Ајша Боу, и активистката Аманда Нгујен отпатуваа до работ на вселената и се вратија со ракетата Њу Шепард на Ориџин. Патувањето траеше 11 минути.

Оваа мисија беше првата летачка екипа која беше само со жени по соло вселенскиот лет на советската космонаутка Валентина Терешкова во 1963 година.

Бројот на жени кои биле во вселената се зголеми како што растеше вселенскиот туризам. Сепак, само околу 15 отсто од повеќе од 700 луѓе кои досега патувале во вселената биле жени. Од своето основање, НАСА избра вкупно 360 кандидати за астронаути – од кои 61 се жени.

Лорен Санчез, пилотка, новинар и потпретседател на Фондацијата „Безос еарт“, ја организираше мисијата, според Блу Ориџин.

„Таа е почестена да води тим истражувачи во мисија која ќе ги предизвика нивните перспективи на Земјата, ќе ги поттикне да ги споделат сопствените приказни и ќе создаде трајно влијание што ќе ги инспирира генерациите што доаѓаат“, се вели во соопштението на Блу Ориџин.

ВИДЕО | Кети Пери возбудена за мисијата во вселената: „Морам да пеам во вселената“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот