„Pickatale“ е издавачка куќа основана во 2013 година во Норвешка и се занимава со создавање и издавање на дигитални детски едукативни, интерактивни и повеќејазични книги. Директорката Сања Гогова Кочишки за Утрински брифинг вели дека од зависност на таргет групата на децата прво се разработуваат темите кои би им биле интересни.
-Имаме креативен тим кој истражува што се побарува на пазарот. Имаме соработка со наставници од Норвешка, Шведска, Данска, Англија од каде добиваме повратна информација за да знаеме што е актуелно и тоа да го имплементираме. Нашето истражување се базира на тоа колку е времетрањето на една книга и кои теми, односно колку текст треба да има на една страна за тоа да го привлече вниманието кај детето да се заинтересира и да го разбере, вели Гогова Кочишки.
-Во моментов имаме над 50 вработени со повеќе од 80 надворешни соработници. Има креативни луѓе од различни области – илустратори, артисти, експерти во поле на јазиците. Ние сме дел од тимот Хоризонт 20 / 20, проект од ЕУ. Целиот контент се користи во истражување во областа на помош на децата при читање со дислекција. Тоа за мене е една многу голема потврда дека сме на добар пат. Дел од приказните се користат во истражувањето како и на кој начин да се подобри и олесни читањето на децата, вели Гогова Кочишки.
Целиот разговор каде Гогова Кочишки објаснува како на единствен начин е соединета работата на писателите, илустраторите, нараторите и преведувачите од целиот свет и како се создаваат уникатни детски книги погледнете го во видеото:
Видео на денот