ВИДЕО | Светот полуде по овој „Тик Ток“ рецепт: Тестенини со фета и домати и еден трик!

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Рецептот за тестенини со печено фета сирење и сос од шери домати во моментов е главниот кулинарски хит во светот, а сè започна со една вирална објава на социјална мрежа „Тик Ток“.

Тестенините со шери домати и фета сирење уште на почетокот звучат како одлична комбинација, сепак, и за многумина кои ги практикуваа, хит рецептот е нешто ново. Имено, трикот е во тоа што состојките се печат пред да се претворат во сос, што, судејќи според реакциите, е совршена „експлозија на вкусови“.

Дополнителни можете да експериментирате  и со зачини, а ние ви претставуваме  оригиналниот „Тик Ток“ рецепт што ќе посакате да го пробате уште денес веднаш штом ќе го погледнете видеото.

Состојки:

  • 450 гр тестенини по желба
  • 500 гр шери домати
  • 200 гр сирење фета
  • 2 чешниња лук
  • 1 грст свеж босилек
  • 1 дл маслиново масло
  • сол, бибер по вкус

Следете ја оригиналната „Тик Ток“ постапката за подготовка на овој неверојатно брз и вкусен рецепт:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот