ВИДЕО | Света Гора – Духовно засолниште за ранетите украински војници

Света Гора - Атос/Фото: EPA/STR

Вкупно 22 украински војници најдоа засолниште на Света Гора, полуостровот Атос во Грција. Барајќи физички и ментален мир, војниците тргнаа придружувани од духовник од украинскиот град Лавов и патуваа 1.000 километри до Света Гора со надеж дека ќе избегаат од нивните сеќавања на доживеаното на бојното поле.

Според извештајот на Ројтерс, за време на нивниот четиридневен престој, војниците со видливи знаци на војна – некои со ампутирани нозе и раце, а други со лузни на главата – посетиле 12 манастири. Нивната посета на Света Гора беше дел од програмата за психолошка поддршка организирана од украинските власти.

„Многу војници страдаат од настаните во последните три години. Многумина од нив страдаат од разни болести – тие се повредени и треба да ги рехабилитираме“, рече отец Михаило Пасирски, украински православен свештеник кој ги придружуваше мажите на нивното патување.

22-годишниот Иван Ковалик е еден од војниците кои ги загубија двете нозе додека беше на фронтот до септември 2023 година.

„Се разбира дека многу ми помогна, бидејќи ми помогна да се ослободам од стресот“, рече тој за неговата посета на Света Гора, што има намера да го повтори.

„Кога ја посетив Света Гора, ја почувствував Божјата благодат, Божјиот благослов, неговата величина“, рече Орест Каветскиј, регионален претставник на Лавов кој помогна во организирањето на патувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот