ВИДЕО | Свет без луѓе: Што ќе се случува на Земјата кога човештвото ќе исчезне?

Како што ни открива науката, планетата Земја постои околу 4,5 милијарди години, а луѓето ја нарекуваат „дом“ само 200 илјади години. Така, логично е да се потврди дека нашата планета постоела и се развивала пред нас, а така и ќе продолжи доколку човештвтото евентуално исчезне, пишува хрватски Експрес.

Што би се случило доколку човекот исчезне, предвидуваат експертите:

По неколку часа

Неколку часа откако човештвото ќе исчезне, нема да помине долго додека се почувствува радикалната промена во светот, а планeтата каква што ја знаеме, започнува да се менува засекогаш. Со оглед на тоа што сите електричи централи во светот работат на фосилни горива, кои патем ги произведува човечка сила во електрани, многу брзо ќе снема струја ширум светот. Тоа значи дека сите светла и машини кои функционираат преку електраните ќе престанат да работат. Најверојатно ќе завладее темнина низ светот, но не целосно бидејќи сè уште ќе има струја од резервоарите на соларните панели и ветерниците.

Фото: EPA-EFE / TANNEN MAURY

По неколку дена

Иако соларните панели и ветерниците сè уште произведуваат струја, по 48 часа без соодветнo оддржување, истите ќе престанат да работат и тогаш планетата дефинитивно ќе биде без извор на струја. Во меѓувреме, домашните миленици се веќе прегладнети и дехидрирани поради тоа што не добиле соодветна нега. Најголемиот број од домашните миленици започнуваат да умираат бидејќи им фали грижата на која се навикнати, што веќе придонела да не можат да преживеат сами. Подземните метро станици ќе започнат да се поплавуваат бидејќи ќе нема кој да управува со пумпите кои ги одржуваат суви.

Фото: Unsplash

За неколку недели, вкрстените раси на кучиња, а особено териерите и булдозите ќе почнат да умираат. Поголемите кучиња ќе започнат да се групираат и да ловат помали животни за да преживеат. Домашните животни ќе станат плен и извор на храна за дивите животни. Наскоро и животните од зоолошките ќе започнат да ги напуштат кафезите и ќе се вратат на природниот животински инстинкт.

Фото: Unsplash

По еден месец

Водата која ја одржува температурата на нуклеарните централи ќе испари, при што ќе предизвика  погубни нуклеарни експлозии. Милиони диви животни ќе започнат да се разболуваат од канцер поради радијацијата од експлозиите.

Фото: Unsplash

Канализациите кои работат на база на централи ќе престанат со работа и реките и езерата ќе се наполнат со отпад од канализација. Тој отпад ќе биде смртоносен за поголемиот број диви животни чија егзистенција на екосистемот зависи од реките и езерата. Централите за хемиска и природна индустрија ќе започнат да влијаат над животната средина. Како што хемикалите ќе продрат во воздухот, а така и природните гасови, светот ќе стане тло на пожари кои траат со денови.

Фото: Unsplash

По една година

Доколку човештвото исчезне, по една година Земјата ќе започне да се гради самата себе одново поради намаленото загрозување од човекот. Без да ѝ „додева“ човекот, ќе ѝтреба помалку време да се регенерира од сета штета која ја предизвикаа пожарите од штетите на нуклеарните, природните и хемиски централи. Сите производи кои требало да бидат рециклирани најверојатно ќе бидат во водите, а големите контструкции, како мостови, згради или Ајфеловата кула најверојатно „ќе попуштат“, односно ќе започне фазата на распаѓање.

Фото: Unsplash

По 25 години

Без човештвото кое им ги мутира гените за побрзо и полесно да растат, растенијата на Земјата ќе започнат да се менуваат. Ќе треба да поминат две децении за целосно, но вегетацијата ќе започне  да се враќа во својата „оригинална форма“. Исто така, во меѓувреме растенијата и најверојатно веќе навлегле во градовите, па ги надраснале улиците и објектите кои сега се покриени со трева и останато зеленило. Тогаш со градовите ќе владеат и дивите животни, а градбите ќе започнат да пропаѓаат до целосно уништување. Градовите како Лас Вегас и Дубаи ќе се вратат на својата природна состојба, односно ќе бидат прекриени во песокот од пустината. Загадувањето ќе стане минато, па видливоста во сите градови ќе стане иста.

Фото: Unsplash

По 300 години

Животните сега владеат со светот, и некогаш загрозените животни, особено слоновите, сега се враќаат назад на планетата без заканите за истребување како оние од трговците кои тргуваа со слонова коска. Тоа што животните избегале од зоолошките градини придонело до разнолика дистрибуција на најразлични диви животни ширум светот.

Фото: Unsplash

Лавовите и слоновите за кои Африка некогаш беше дом сега се шетаат во тоа што останало од Менхетн. Големите конструкции како мостови, згради и Ајфеловата кула пропаѓаат до степен на целосно рушење. И морскиот свет ќе претрпи последици од исчезнувањето на човештвото, бидејќи водите ќе бидат преполни со див свет.

Фото: Imgur

По 10 000 години

Сите градови и индикации дека некогаш постоело човештвото ќе исчезнат, освен некои камени градби. 10 000 години по исчезнувањето на човештвото ќе останат само пирамидите, Кинескиот ѕид и Маунт Рашмор. Се претпоставува дека само овие градби имаат капацитет да издржат толку многу години и тие ќе бидат единствениот сведок за постоењето на човекот на планетата Земја.

Кинески ѕид / Фото: Unsplash

По 50 милиони години

Единственото нешто што ќе преживее 50 милиони години на планетата Земја ќе биде пластиката, бидејќи истата не се биоразградува- пластиката се распаѓа на помали и помали парчиња, но тие никогаш не исчезнуваат, а потребно е премногу време за да дојде до тој процес.

Фото: Unsplash

Доколку постојат вонземјани и ја посетат нашата планета, тие најверојатно ќе бидат зачудени од распостранетоста на пластиката. На планетата Земја најверојатно ќе ѝ треба уште 50 милиони години за да се исчисти од сета пластика како единствен доказ дека човештвото некогаш ја окупирало планетата.

Видео на денот