ВИДЕО: Свештеник ја молеше полицијата да ги ослободи приведените демонстранти

Фото: @koloski / Твитер / принтскрин

Свештеник во мантија вечерва излезе пред полицајците на протестот пред Собранието, на кој се случија инциденти, а имаше и повредени и приведени.

Како што се гледа на снимките објавени на социјалните мрежи, свештеникот, во придружба на десетина луѓе, безуспешно апелираше до полицајците да ослободат неколкумина млади демонстранти, кои претходно беа приведени.

Протестот денеска започна пред Владата, од каде демонстрантите се упатија на марш кон Собранието, поминувајќи и пред Министерството за надворешни работи.

Напнато беше пред Собранието, каде помала група демонстранти ја урнаа заштитната ограда и дојдоа пред влезот на зградата, каде почнаа да фрлаат со секакви предмети, шишиња, јајца, факели, петарди и камења – кон специјалците и кон собраниската зграда, на која ги искршија прозорците од предната страна.

Според извештаите на повеќе медиуми, вечерва се приведени четворица демонстранти, а неколкумина полицајци се повредени.

Видео на денот