ВИДЕО: Свадба на црногорски начин, поставија маси и столици, викнаа гости и жива музика, погледнете каде

Необична свадба во Подгорица/Фото: Screenshot/Facebook Podgoricki vremeplov

На Фејсбук страницата Подгорички времеплов осамна видео од свадба организирана во Подгорица при што, младенците и гостите се држеа до рестриктивните мерки кои се на сила во Црна Гора поради епидемијата од коронавирус, ама на погрешно место.

–Се работи за свадба која е организирана на јавна површина, односно терен – игралиште, од 16.30 до 01 часот. Поставени се маси, столици, озвучување е закачено на оградата, жива музика, гости, „фул“ ресторан. На буквално 5 метри од собите за спиење. Милион повици упативме до МВР, Комуналната полиција и Комуналната инспекција. Сите ја префрлаа топката еден на друг  – МВР е задолжен „ако се истепаат“, Комуналната полиција – „ако има бучава во локалите“, а Комуналната инспекција не припаѓа на Комуналната полиција чија работа е ова. Освен што трпат граѓаните, и освен тоа што сите би потрчале да ги казнат и да соберат пари, на пр. ако се постави маса на 1 метар надвор од одредената површина на некој локал, освен што се пропагираат мерки врзани за коронавирус, поставуваме прашае – чии се тогаш јавните површини и кој е задолжен за јавниот ред и мир – ако за тоа не се споменатите органи?, прашува една госпаѓа револтирана од оваа необична свадба на јавна површина за која никој не бара одговорност.

Коментарите се различни, има луѓе кои ја критикуваат жената што се јавувала кај инспекторите, додека други се воодушевени и би сакале да ја видат оваа свадба.

Погледнете сами:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот