Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВИДЕО: Супер камбек на Фати, Холанѓаните ја „разбудија“ Барса

Фудбалерите на Барселона го совладаа Леванте со 3:0 во седмото коло од шпанската „Ла Лига“. За гостите поради повреда не настапи македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Оваа победа им беше повеќе од потребна на Каталонците по поразот од Баерн во Лигата на шампионите и неочекуваното реми со Кадиз.
Депај почна да ја „буди“ Барселона, откако беше прецизен од пенал. Немања Радоја направи фаул во шеснаесетникот и судијата покажа на белата точка.
Не помина долго кога уште еден Холанѓанец се запиша во листата на стрелците, Де Јонг доби прецизно додавање во казнетиот простор и реализираше во долниот лев агол за 2:0.
🚨 𝙁𝙐𝙇𝙇 𝙏𝙄𝙈𝙀 !! 🚨 #BarçaLevante pic.twitter.com/kr43NaxEWJ
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 26, 2021
Составот на Роналд Куман имаше уште неколку сериозни напади. Се редеа шанси за Пике, Депај, а потоа и Ансу Фати, кој играше по долга пауза. Леванте изгледаше целосно беспомошно, што беше потврдено со резултатот.
Фати влезе на теренот и веднаш постигна гол за одличен камбек, ја смести топката во голот од работ на шеснаесетникот.
Барселона е петта по овој натпревар со 12 бода, зад Реал, Севиља, Атлетико и Сосиедад, додека Леванте е на 17 место, пред зоната за испаѓање.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
5час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5