24.8 C
Скопје

ВИДЕО: Супер гол на Андонова против Еспањол и го прослави во стилот на Роналдо!

Денеска во рамките од 29 коло во најсилната шпанска женска фудбалска лига составот на Леванте ремизираше на гостувањето кај Еспањол со резултат 1:1.

Македонската фудбалерка Наташа Андонова после асистенцијата на Гонзалез Родриез во 39 минута постигна еден прекрасен гол и истиот го прослави во стилот на играчот на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Тоа е нејзин петти погодок сезонава во првенството, претходно по еден имаше и во победите над Севиља, Логроњо, Депортиво де Ла Коруња и Атлетик Клуб.

Израмнувањето дојде во 81 минута кога Баудет од пенал го постави конечниот епилог на средбата.

Леванте после петтото реми сезонава се наоѓа на втората позиција со 62 бодови, далеку зад поранешниот клуб на Андонова, Барселона која има 78.

Поврзани вести

Франција има една победа на ЕП, но и натаму е најголем фаворит за шампионската титула!

Слободен печат

Класика на „Вембли“: Ги дознавме сите осминафинални двојки на Европското првенство!

Слободен печат

ВИДЕО: Германија „преживеа“ во Минхен, Роналдо е синоним за рекорди!

Слободен печат

Клуб од шпанската „Ла Лига“ со интерес за Дарко Велковски!?

Слободен печат

Ја победија само Македонија – Украинците се најголемите „среќници“ на Евро 2020!

Слободен печат

ВИДЕО: Ѓоковиќ „гази“ и во двојки, крај за првите носители на турнирот во Мајорка!

Слободен печат

Остави Коментар