ВИДЕО: Суарез по 16 години постигна гол за тимот во кој ја започна кариерата

Луис Суарез летово се врати во тимот во кој ја започна професионалната кариера/фото: EPA-EFE/Raul Martinez

Уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез го постигна првиот гол во дресот на Насионал за кого потпиша минатиот викенд. Во второто коло на уругвајското првенство, Насионал на домашен терен славеше со 3:0 против Рентистас, а Суарез го постави конечниот резултат.

Напаѓачот влезе во игра на стартот од второто полувреме, а во 59 минута се најде на вистинско место по изведениот корнер и со удар со глава го постави конечниот резултат.


Ова беа први бодови за Насионал во уругвајскиот шампион откако загуби во првото коло од Малдонадо.

Луис Суарез професионалната кариера ја започна токму во дресот на Насионал во 2005 година, а потоа играше во Европа и тоа за екипте на Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид за летово да се врати во Насионал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот