ВИДЕО | Студио од Лондон нуди бесплатно отстранување на тетоважи со ликот на Канје Вест

Фото: EPA / Принтскрин - Инстаграм

Студио за отстранување на тетоважи во Лондон нуди бесплатно отстранување на тетоважи со ликот на Канје Вест откако раперот јавно изјави дека го сака Адолф Хитлер и нема ништо против нацистите.

Лондонското студио „NAAMA“ го најави ваквиот потег минатиот месец, по антисемитичките испади на Канје, кога на својот Инстаграм најави дека бесплатно, ласерски ќе отстранува тетоважите со неговиот лик.

„Ако имате тетоважа од некој на кој му се воодушевувате, а потоа тој завршува на насловните страници од погрешни причини, „NAAMA“ ви овозможува високотехнолошки третман за отстранување на таа тетоважа. Ако сакате промена, тука сме“, објавиле од студиото и приложиле видео од отстранување на тетоважа со ликот на Вест, а за „CNN“ се јави и сопственикот на студиото Бриони Гарбет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NAAMA (@naamastudios)

„Има сè поголем интерес за отстранување на тетоважи со Канје Вест, сè повеќе се негови поранешни обожаватели“, изјавил тој за „CNN“. Досега, вели, 3 лица дошле во неговиот салон за отстранување тетоважи, а уште 10 резервирале третман.

„Ние сфаќаме дека тетоважите можат да бидат трауматични и знаеме дека некои луѓе не можат да си дозволат третман, па затоа нудиме бесплатно отстранување“, објаснил Гарбет.

Инаку, еден таков третман обично чини околу 2.300 евра, но тоа зависи од големината на тетоважата и бројот на третмани потребни за истата да се отстрани.

Падот на Канје Вест: Од музичка икона, до човек кому светот му го сврте грбот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот