ВИДЕО: Страшно „Ел Класико“, Алаба и Лукас ја урнаа Барса на „Камп Ноу“

Разликата од финансиски аспект помеѓу Реал Мадрид и Барселона е голема/Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Првото „Ел Класико“ сезонава го добија играчите на Реал Мадрид кои денеска со 1:2 триумфираа на стадионот „Камп Ноу“ против Барселона во рамките од 10 коло во шпанската „Ла Лига“.

Првото полувреме не донесе премногу возбудувања, двете екипи играа добра одбрана, доказ за тоа беше само еден удар во рамките од голот на двете страни, а беше тоа доволно за еден гол во првите 45 минути.

Се играше 32 минута кога Алаба истрча контра, доби правовремено додавање од страна на Родриго, шутираше одлично и погоди за 1:0, Тер Штеген немаше многу шанси да го одбрани овој удар на Австриецот.

Претходно, пред голот на „кралевите“, Барса пропушти огромна шанса, Дест се најде во ситуација, но го префрли целиот гол, по што следува казната на спротивната страна.

Во финишот од второто полувреме се случи останатите голови, Лукас во 93 минута зголеми на 0:2, а Агуеро после асистенцијата на Дест само го ублажи поразот на домашниот тим.

Во генералниот пласман Реал ја дели првата позиција заедно со Севиља и Реал Сосиедад со по 20 бодови, додека каталонскиот клуб е на осмата позиција со 15 бодови.

ВИДЕО: Леванте во криза, Барди одигра едно полувреме во меч со осум голови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот