ВИДЕО | Страшна сообраќајка на автопатот кон Атина, маглата е огромен проблем за возачите

Фото Јутуб принтскрин/ Фото

Рано утрово на автопатот кон Атина дошло до сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе од десет автомобили. Во областа видливоста е ограничена поради густата магла, што го отежнува гледањето на возачите, што резултирало со судир.

Засега нема информации за повредени. На видеото од местото на судирот се гледа дека учествувале и камиони, додека дел од автомобилите се сериозно оштетени. Сообраќајот се одвива од споредниот пат отежнато.

Според грчката полиција, сообраќајната несреќа се случила неколку минути по 9 часот наутро. Претходно, во 08:30 часот се случила уште една сообраќајна несреќа во правец на Ламија, при што се судриле шест возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот