ВИДЕО: Страшен Ајакс во ЛШ, Ливерпул обезбеди пласман во нокаут-фазата

Четврта победа по ред за Ајакс во Лигата на шампионите/Дортмунд, Германија/3 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Се комплетираше четвртото коло и во групите А, Б, Ц и Д во Лигата на шампионите, дознавме уште две екипи кои ќе играат во осминафиналето, тие се Ливерпул и Ајакс.

Во рамките од групата „Ц“ Ајакс продолжува со одличните настапи, дојде и до четвртиот триумф сезонава овојпат на гостувањето кај Борусија Дортмунд (1:3).

За „милионерите“ поради повреда не настапи првата ѕвезда, Ерлинг Халанд, но и покрај тоа водеа по првото полувреме со голот на Ројс од пенал во 37 минута.

Претходно од 29 минута Германците останаа без еден играч на теренот поради црвениот картон на Хумелс и тоа го искористија гостите за целосен пресврт во вториот дел.

Холанѓаните доминираа, повеќе ја имаа топката и постигнаа три гола, серијата ја започна Тадиќ, во 83 минута стрелаше Халер, конечниот епилог го постави Клаасен, а воедно вреди да се одвои и феноменалниот Антони кој запиша три асистенции.

Ливерпул на својот „Енфилд“ со 2:0 беше подобар од Атлетоко Мадрид, стрелци на головите беа Жота и Мане, а во 36 минута „јорганџиите“ останаа со еден играч помалку поради црвениот картон на Фелипе.


Лига на шампиони
4. коло, резултати –

Група А

Лајпциг – ПСЖ 2:2
Манчестер сити – Клуб Бриж 4:1

Табела: Манчестер сити 9 бодови, ПСЖ 8, Клуб Бриж 4, Лајпциг 1.

Група Б

Милан – Порто 1:1
Ливерпул – Атлетико Мадрид 2:0

Табела: Ливерпул 12, Порто 5, Атлетико Мадрид 4, Милан 1.

Група Ц

Борусија Дортмунд – Ајакс 1:3
Спортинг – Бешикташ 4:0

Табела: Ајакс 12, Спортинг 6, Борусија Дортмунд 6, Бешикташ 0.

Група Д

Реал Мадрид – Шахтјор Доњецк 2:1
Шериф Тираспол – Интер 1:3

Табела: Реал Мадрид 9, Интер 7, Шериф Тираспол 6, Шахтјор Доњецк 1.

Видео на денот