ВИДЕО | Стојмановски: Статусот на спортските новинари мора да се издигне на ниво на општествен проблем

Милорад Стојмановски/Фото: Слободен печат

Се преполовува бројот на спортски новинари. Некогаш беа 200, денес не се ни 90. Се преполовуваат спортските блокови кај телевизиите со концесии. Значи од четири телевизии, во „Алфа“ и во „Канал 5“ веќе нема спортски блок. Значи нема ни спортски новинари. Воопшто спортските новинари остануваат без работа, се пренасочуваат во друг тип новинарство, вели Милорад Стојмановски, уредник во Слободен печат.

-Сето ова беше повод да се крене гласот, да се укаже на серозноста на состојбата, затоа што за другите работи знаеме што се случува, додава тој.

-Имаме преноси на српски на хрватски на репрезентативни натпревари. Се случува после историскиот успех во Палермо нашите гледачи да немаат можност да го следат натрпеварот, освен оние кои што имаат дополнителен ТВ пакет. Имаме ситуација кога Јавниот сервис да не може да откупи ТВ права за националната репрезентација, вели Стојмановски.

-Оттука беше мојата теза дека она што го испорачуваме како информација и статусот на спортските новинари мора да стане општествена тема, за која ќе се занимаваат и инстиутуциите, но и федерации, клубови, спортисти, па и самите новинари, додава тој.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот