ВИДЕО | Стојмановски: Со парите од пласманот на ЕП, ФФМ да им помогне на клубовите

Милорад Стојмановски, Фото: Слободен печат

ЕП е значајно меѓудругото за фудбалерите самите да се уверат дека можат. Имаа слаби моменти, 5-10 минути во секој натпревар што беа клучни за сите порази, тоа е резултат на неискуството, но она што е важно е да се уверат дека можат, дека не сме аутсајдери, изјави во Утрински брифинг новинарот на Слободен печат, Милорад Стојмановски.

-Работите ќе се менуваат. Замина Пандев, селекторот, Велковски и Тричковски, но костурот ќе остане, оној што беше и на ЕП за млади во 2017 година. Боби Милевски ги познава играчите. Тимот е надграден со поискусните. Имаме добра подлога, добар материјал за да градиме еден сериозен тим кој ќе може да се надеваме на добар резултат во квалификациите кои претстојат, вели Стојмановски.

-Добрите резултати сакам и очекувам да се одразат на домашниот фудбал. Она што е поразително на македонскиот спорт е што досегашните успеси, федерациите и клубовите не го искористија оној фидбек во јавноста, кај децата што навиваа за фудбалерите, кошаркарите, ракометарите, да ги привлечат во своите клубови, да ги натераат да се бават со тој спорт, па потоа многу од нив да се занимаваат со тој спорт. Ако сега и ова не го искористи федерацијата, стварно ќе биде уште една пропуштена шанса, додава Стојмановски.

-Парите што дојдоа од пласманот на ЕП, ФФМ да ги вложи во фудбалот, да им помогне на клубовите кои беа во загуба во пандемичната година, смета Стојмановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот