ВИДЕО | Стојкова-Серафимовска: ВМРО-ДПМНЕ работи конструктивно – не сите закони кои што се предлагаат се за доброто на граѓаните

За денеска во Собранието на Република Северна Македонија најавена е средба меѓу комитетот за односи меѓу заедниците и здруженија на граѓани. Комитетот е едно од поважните тела во Собранието. Тоа е предвидено да служи во насока на граѓаните. Целта е да направи зближување помеѓу различните етнички заедници во Македонија. Неговата мисија и цел е да придонесе до едно пошироко општествено разбирање дека повеќе е богатство и поубаво во насока дека ние мора да одиме кон нашите сличности, да ги истакнуваме нашите специфики и да се почитуваме. Целта на денешната средба е да се запознаат граѓањските организации за постоењето на овој Комитет, вели Пратеничката од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска.

Во однос на денешните закажани седници, 30-та и 32-та таа вели дека ВМРО – ДПМНЕ изминатиот период покажала голема одговорност, пред се општествена, бидејќи ја гледа состојбата во која се наоѓа државата, а пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ работи доста конструктивно во насока за доброто на граѓаните.

-Според нашите сознанија и анализи според кои ние се подготвуваме за секоја точка на дневен ред, не сите закони кои што се предлагаат се за доброто на граѓаните и државата, вели Стојкова Серафимовска.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот