ВИДЕО | Стојаноски: Заев направи брутално мешање во судската власт

Јас нема да ја коментирам пресудата која се очекува денеска да биде изречена за предметот „Таргет – тврдина“, не би сакал да прејудицирам нешто кое што не е во надлежност на институцијата во која што јас припаѓам, би оставил на судските органи во текот на денот да соопштат каква ќе биде пресудата. Со такви математики пред некој ден излезе премиерот со што направи брутално мешање во извршната во судската власт и зазема улога да биде и обвинител и претседател на суд и судија да одредува дали на некого ќе му се намали казната ако се врати во државата, дали ќе му се одземе или конфискува имотот, па после се еве оставам да видам каква ќе биде денешната пресуда, вели за УБ пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тој додава дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ја поддржи иницијативата за интерпелација на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Алијанса и Алтернатива, бидејќи за бегството на Мијалков како што вели не може оправдување да биде дека потфрлил системот.

– Ние поднесовме постапка за интерпелација на владата па сега чекаме да видиме кој од мнозинството ќе не поддржи нас како опозиција затоа што треба да покажат дека не само граѓаните кои што го го дале својот глас за опозицијата се жедни за одговорност туку и оние граѓани кои што нив ги гласале, вели Стојаноски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот