ВИДЕО | Стојановска: Карпош е една од најзатворените општини, имавме многу советнички прашања, добивме малку одговори

Татјана Стојановска
Татјана Стојановска/Фото: Слободен печат

Сите велат дека Општина Карпош е урбана, отворена, напредна општина, но од аспект на добивање на информации, искрено да ви кажам, таа е една од најзатворените општини, изјави во Утрински брифинг Татјана Стојановска, независен советник во Општина Карпош.

Таа вели дека многу тешко се добиваат информации.

– Одржавме девет седници, во нив имавме многу советнички прашања поставено, со инсистирање добивме одговор на неколку, но е не и на сите. Еве конкретно Снимање во живо на седниците, се е направено, и во март прашав, рекоа дека се е направено, а сега е мај и се уште немаме седници во живо, вели Стојановска.

– Нас не доживуваат како непријатели, натрапници. Влеговме во Советот поради тие ДУП-ови. Ние сме за планирање на општината и тие се повлекоа и не ни даваат доволно информации. Инсистираме да се знае бројот на вработени, но не е изложено јавно кој што работи, а веќе има новопримени. Не сакаат да им водиме евиденција што прават и ги боли тој момент, вели Стојановска.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот