ВИДЕО | Стојанов: Џудо Федерацијата има проект за отворање десет џудо школи во различни градови

Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) го избра Ѓорги Стојанов за нов спортски директор на Федерацијата.

Стојанов е тренер на ЏК Дрим од Струга, а неговата работа се рефлектира со успехот на младите џудисти од клубот.

Џудото е олимписки спорт кој што потекнува од Јапонија. Тој е еден од најздравите спортови за практицирање.

Сите знеме дека оваа година беше многу тешка. Во февруари имавме неколку државни првенства за потоа заради ковид-19 да бидат откажани. Ние како федерација помагаме на нашите клубови за да можеме да ја одржиме активноста на домашната и светската сцена, вели Стојанов за Утрински брифинг.

-2017 имавме бронзен медал од ЕП за кадети. Имаме освојувано медали од разни првенства што беше еден репер за нас како треба да се одвиваат активностите. Како федерација максимално се заложуваме да го афирмираме џудото и се движиме по добар правец. Имаме проект за отворање на десет џудо школи во различни градови, изјави во Утрински брифинг Ѓорѓија Стојанов, спортски директор на Џудо Федерацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот