ВИДЕО: Стивен Сигал ќе снима документарец за војната во Донбас

Владимир Путин и Стивен Сигал / 25 ноември 2016 / Фото: EPA/ALEXEI DRUZHININ

Американскиот актер Стивен Сигал снима документарен филм за ситуацијата во Донбас, изјави лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, по средбата со Сигал.

„Да, тој снима документарец за војната во Донбас. Денеска разговараше со воените затвореници во притворниот центар Оленивка. Некои од затворениците беа убиени неодамна во ракетен истрел од украинска страна“, напиша Пушилин на Телеграм, јави ТАСС.

Пушилин рече дека Сигал забележал дека 98 отсто од оние кои зборуваат за конфликтот во бројни медиуми не се на терен и затоа светот не ја ни знае вистината.

„Сигал сака да го промени ставот на светот кон оваа војна, но тоа нема да биде лесна задача, сепак, му посакувам среќа“, додаде Пушилин.

Сигал го посети Донбас заедно со Леонид Слуцки, лидерот на Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР), кој е директор на меѓународниот комитет на руската Државна дума.

Стивен Сигал, гласен поддржувач на Владимир Путин, се појави во затворски логор контролиран од Русија на местото на експлозијата на 29 јули во која загинаа најмалку 50 украински затвореници.

Путин му додели руско државјанство на Сигал уште во 2016 година, откако Сигал се изјасни за руската анексија на Крим.

Сегал е гласен во својата поддршка на Путин, нарекувајќи го „еден од најголемите светски лидери, ако не и најголемиот светски лидер на денешницата“.

Украинските воени претставници ја обвинија Русија дека намерно преместува затвореници, или борци кои го бранат Азовстал, во објектот Оленивка, знаејќи дека тоа ќе биде место на напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот